На 7 февруари 2025 година, европската организација на „Сојузот на православни журналисти“ (СПЖ) отвори филијала во Србија. Исто така, започна со работа веб-страницата на СПЖ во оваа земја.
Отворањето на српската филијала, следува по отворањето на германската, грчката и албанската филијала на СПЖ. Како што пишува СПЖ, тоа е дел од стратегијата за поддршка на канонското православие на меѓународно ниво и за обединување на православните верници од различни земји. СПЖ се дефинира како меѓународен медиумски проект насочен кон обединување на православните верници низ целиот свет и заштита на традиционалните христијански вредности. Започна со работа во Украина во 2014 година.
Во план е отворање на ограноци и во други европски земји.
Извор: https://spzh.eu/ru/news/84465-spzh-otkryl-filial-v-serbii
