Српската заедница од Македонија му додели благодарница на Патријархот Порфириј

Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј разговараше на 26 февруари 2026 година во Патријаршискиот двор, во Белград, со г. Иван Стоилковиќ, потпретседател на Владата на Македонија.

По тој повод, г. Стоилковиќ, во име на српската заедница во Македонија, на Неговата Светост му врачи „Светосавска повелба“ како највисоко признание што таа заедница го доделува по повод празникот свети Сава.

Како што пренесува официјалната интернет страница на Српската Православна Црква, Потретседателот нагласил дека Српска Православна Црква низ вековите претставува столб на духовниот, културниот и националниот идентитет на сите Срби, а преку доделената повелба Србите од Македонија изразуваат исклучително почитување и длабока благодарност кон Патријархот Порфириј за сè што прави за доброто на српскиот православен народ, а особено за оној што живее во Македонија.

Соговорниците едногласно заклучија дека црковното единство и соборноста, како заеднички стремеж, на најдобар начин се посведочени и потврдени во меѓусебната љубов, почит и братски однос меѓу Српската Православна Црква и Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и дека Светосавието останува сигурен патоказ и духовен ориентир во современите предизвици – завршува известувањето од Српската Црква.

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//15848.srpska-zajednica-u-severnoj-makedoniji-dodelila-povelju-zahvalnosti-patrijarhu-porfiriju.html