Наставник во основно училиште во државата Вирџинија, во САД, минатиот месец беше суспендиран откако одби да се придржува до предложената политика и да ги ословува своите ученици според заменките кои самите ги избрале.
Тој изјави дека тоа би било спротивно на неговите верски убедувања. Во своите кратки забелешки пред училишниот одбор, наставникот рече дека не верува дека биолошко момче може да стане девојче или обратно и таквите тенденции ги нарече „злоупотреба на децата“ и „грев против Бога“.
Тој го тужеше Одборот за образование откако беше суспендиран, а судија од Окружниот суд нареди наставникот да биде вратен на работа. Во својата одлука, судијата наведе дека правото на слобода на говор и верската слобода на наставникот се централни во овој случај, а училиштето не докажало дека неговите ставови предизвикале значителни нарушувања во образовниот процес.
