Светскиот совет на цркви изразува длабока загриженост поради зголемувањето на насилството во Либан и во Газа

Генералниот секретар на Светскиот совет на цркви (ССЦ), проф. д-р Џери Пилај изрази длабока загриженсот заради зголемувањето на насилството во Либан и во Газа и повтори дека ССЦ е посветен на правдата, мирот и достоинството на сите народи.

„Длабоко сме загрижени заради продолжувањето на непочитувањето на меѓународното право, кое само го продолжува циклусот на насилство и колективното казнување, како што трагично се гледа во разни конфликти низ светот“, рече тој. „Сегашните напади на Израел, кои доведоа до широко распространета уништување и трагична загуба на цивилни животи, се неприфатливи.“

Пилај ги опиша ракетните напади и другите дејства на Израел во Либан, следени од неговата инвазија на јужен Либан, како „очигледни прекршувања на меѓународното право“ и напад на суверенитетот на либанската држава.

„Се присетуваме и на продолжувањето на нападите врз Газа, регион кој веќе плати неподнослива цена во цивилни животи и уништување“, рече тој. „Војната во Газа мора веднаш да заврши.“

Народот на Газа заслужува да живее со достоинство, додаде тој.

„Апелираме за итно прекинување на сите насилства“, рече тој. „Сите земји и лидери, особено Соединетите Американски Држави, мора да играат поинтензивна улога во воспоставувањето на праведен мир на Блискиот Исток за да се избегне полномасовна регионална војна.“

Пилај повика на крај на настојувањето на војна и насилство.

„Ја изразуваме нашата христијанска солидарност и поддршка за црквите-членки на ССЦ и екуменските партнери во Либан и Советот на црквите на Блискиот Исток во услови на актуелнава криза“, рече тој.

Извор: https://www.oikoumene.org/news/wcc-expresses-profound-concern-over-escalating-violence-in-lebanon-and-gaza