Унгарија спречи воведување на санкции против Московскиот патријарх Кирил

Унгарија не дозволи воведување санкции на Европската Унија против Московскиот патријарх Кирил и уште 27 физички лица и организации во Русија. Ова, како што пренесува руската информативна агенција ТАСС, го изјави министерот за надворешни работи и надворешно-економски односи на Унгарија, Петер Сијарто, во врска со подготовката на 16-от пакет санкции против Русија во Брисел. 

Пакетот беше одобрен во средата во Брисел од постојаните претставници на 27-те земји на ЕУ и треба да биде потврден од министрите за надворешни работи во понеделник, 24 февруари. 

„Тие повторно сакаа да воведат санкции против патријархот Кирил, но ние го спречивме тоа, бидејќи ако ги вклучиме црковните лидери во санкцискиот список, ќе ја лишиме самата Црква од можноста да посредува за мир,“ – истакна Сијарто. 

Од јуни 2022 година, кога ЕУ првпат планираше да го вклучи патријархот Кирил во шестиот пакет санкции, Унгарија застана во одбрана на Руската православна црква.

Извор: https://tass-ru.turbopages.org/tass.ru/s/mezhdunarodnaya-panorama/23183443