На 14 октомври, во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, се одржа свеченото отворање на изложбата „Кон рускиот цар. Романови – царска служба“. На отворањето учествуваа претставници на Амбасадата на Руската Федерација, предводени од советникот-пратеник В. А. Дјаков.
Настанот беше организиран од Друштвото за руско-македонско пријателство „А. А. Ростковски“, Друштвото на писателите од Куманово и московскиот Сретенски манастир.
Ова не е прва ваква изложба во Македонија, слични настани веќе се одржале во повеќе градови низ земјата, како што имаме известено, и секогаш предизвикувале голем интерес.
Поставката претставува збирка историски фотографии на семејството на последниот руски император Николај II, кои ја прикажуваат нивната секојдневна грижа, учеството во служењето на татковината и на народот.
Царското семејство, исто како и во Руската Православна Црква, и во Македонија е вброено во редот на светителите и ужива особена љубов и почит.





