За бискуп во Евангелистичко-лутеранската црква на Норвешка поставена жена која ја спојува богослужбата со јога

Ден пред да биде поставена за бискупка на Осло во присуство на норвешкиот крал, Сунива Гилвер боса се истегнуваше пред олтарот, водејќи служба комбинирана со јога-вежби.

58-годишната Сунива, со коса во „суканици“ и обетки на носот, добро знае дека нејзиниот стил изненадува – но сака да покаже едно ново лице на Протестантската црква на Норвешка.

Додека ја водеше службата, околу дваесетина верници се истегнуваа во јога пози, пред да ја изрецитираат Господовата молитва.

„Сфатив дека за многумина јогата е главен начин за намалување на стресот, за да бидат присутни, тивки, да застанат и всушност да се поврзат со нешто поголемо од самите себе“ – додава Сунива, која воедно е и фитнес-инструкторка.

На Националниот црковен совет – извршното тело на црквата – таа беше избрана за бискуп на декември со 13 гласа „за“ и само четири „против“.

Во текот на својата триесетгодишна кариера како пасторка, организирала „спонтани“ венчавки каде двојките доаѓаат без закажување, како и служби инспирирани од Хари Потер.

„Никогаш не сум гледала вистински контраст помеѓу современите изрази и старите традиции, помеѓу класичната духовност и новите форми што се појавуваат“, вели Сунива.

Таа поддржува истополови бракови и се спротивставува на укинувањето на правото на абортус, а меѓурелигискиот дијалог ѝ е лична мисија. Во 2006 година, стана првата жена-пастор што одржа говор во норвешка џамија.

„Навикната сум на разновидноста на верувања и животни ставови, ми се допаѓа и сметам дека нè збогатува“, вели Сунива, додавајќи дека нејзиниот сопруг бил атеист, исто како и две од нејзините три возрасни деца.

Заштитата на планетата е исто така кауза блиска до нејзиното срце. Нема автомобил, нема летано со авион речиси десет години и инсистира да живее скромно заедно со своето куче.

Извор: https://www.france24.com/en/live-news/20250226-dreadlocks-and-downward-dogs-oslo-s-new-bishop-takes-unorthodox-approach