Во Струмица на 22 јуни 2024 година заврши втората „Светска конференција за соработка во дијалог и соработка во религијата“ на која учествуваа водечки експерти од целиот свет кои четири дена дискутираа за важни прашања поврзани со религијата и нејзината улога во меѓународните односи и дипломатијата.
На панел дискусиите учествуваа 60 претставници од 22 држави од светот кои преку своите научни трудови даваат одговор за денешниот однос помеѓу религијата и политиката или црквата и државата.
Поздравен говор на Конференцијата имаше Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Струмички г. Наум кој на првиот работен ден настапи со научен труд во коавторство со д-р Ангелина Илиевска, специјалист психијатар и психотерапевт на тема „A Metasystemic Perspective of Christian Psychotherapy in Defining Leadership and its Criteria“.
Гостите на Конференцијата освен работниот дел имаа можност да се запознаат со богатото црковно наследство во струмичкиот крај со посета на манастирите во Водоча и во Вељуса.
Конференцијата ја организираат Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет во Скопје, со поддршка од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, под покровителство на Министерството за култура.