Со Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј, разговараше на 14 март 2025 година, претседателот на Украина, Владимир Зеленски, и го информираше за преговорите меѓу САД и Украина што се одржуваат во Џеда, Саудиска Арабија.
Зеленски уште еднаш ја изрази својата благодарност кон Патријархот Вартоломеј за „молитвите за Украина и за воспоставување праведен мир, како и за севкупната духовна поддршка што ја дава на народот на неговата земја.“
Во својата објава на социјалните мрежи, Владимир Зеленски, меѓу останатото, пишува:
„Споделив детали за преговорите меѓу украинската и американската делегација во Џеда. Ја поддржавме предлогот на САД за безусловно 30-дневно целосно привремено примирје во воздухот, на морето и на копно. Првите чекори кон праведен и траен мир, исто така, треба да вклучуваат ослободување на воените заробеници и цивилите, како и враќање на децата од Украина кои беа однесени во Русија.“