Божикен попуст на изданијата на Повардарската епархија

Повардарската епархија на својата интернет страница соопшти дека дел од изданијата на издавачката дејност „Свети Ѓорѓи Полошки“ ќе бидат на божикен попуст, од 25 декември годинава, до 25 јануари следната 2025 година. Во продолжение се наведени изданијата што се на попуст и цените. Може да се нарачаат преку телефон, на бројот: 043 221 231, преку е-пошта: [email protected] или преку Фејсбук профилот на Повардарската епархија.