Излезе од печат Божикното издание на списанието „Православна Светлина“ на Повардарската епархија.
Во новиот број се сместени содржини со кои треба подобро да се запознаат со традициите на црковниот живот, и со учењето на нашата Света Црква, и да се придонесе за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера. Во рамките на овој број се обработени повеќе теми од нашата православна христијанска вера, а со посебен нагласок на празнувањето на Рождеството на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, Божик.
„Се надеваме дека и ова Божикно издание на ’Православна Светлина’, ќе ја зголеми радоста која ја обзема секоја православна христијанска душа во овој дел од годината, кога го празнуваме раѓањето на Богочовекот Христос, Спасителот на светот“ – се вели во соопштението од епархијата, објавено на 30 декември 2025 година.
Списанието во печатена форма може да се набави во сите богослужбени места во Повардарската епархија, а во електронска форма достапно е за бесплатно преземање од оваа адреса: https://drive.google.com/file/d/1e_o_SwuGUUIyF6p-WvkafJjS41yRnlby/view?usp=drive_link
Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3225&Itemid=32
