Излезе од печат петровденкиот број на списанието „Православна Светлина“ на Повардарската Епархија. И во овој број се обработени многу нови душеполезни теми, од кои читателската публика може да има полза.
„Се надеваме дека и овој празничен број на ’Православна Светлина’ ќе биде радосна вест за сите верници на Повардарската епархија, и пошироко“ – се вели во соопштението од епархијата.
Списанието е достапно во сите храмови на Повардарската епархија, а во електронски формат бесплатно може да се симне од оваа локација: https://drive.google.com/file/d/1_KZN3x2Z5F7pS_NupOvHvQx0JxU0g4KI/view
