Нов, велигденски, број на списанието „Православна Светлина“

Излезе од печат Велигденското издание на списанието „Православна светлина“ на Повардарската Епархија.

„И во овој 73-ти број, како и досега, обработивме теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и ова издание ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови“ – соопштуваат од Повардарската Епархија.

Списанието е бесплатно и можете да го земете за време на претстојните Велигденски служби низ храмовите во Повардарската епархија.

Електронската верзија од списанието е достапна за бесплатно преземање од оваа адреса.

Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk