Известува: о. Горан Трпчевски
Од печат излезе издание на богослужбена книга „Молебен со акатист кон Пресвета Богородица пред иконата Хавајско-иверска“, на македонски и англиски јазик во издание на Американско-канадската епархија.
За време на 52-от Црковно-народен македонски собир, во Македонската православна црква „Св. Кирил и Методиј“ во Вилобрук, Чикаго, Американско-канадската епархија извести за објавувањето на оваа книга, која излегува со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Американско-канадски г. Методиј.
Со особена љубов и почит кон мајката Божја, јерејот Константин Стевковски, со помош на јерејот Александар Божиновски и Славица Лазаревска, го подготвија оваа богосужбено и молитвено издание, со цел сите луѓе молитвено да можат да учествуваат на богослужбите кон Мајката Божја, како во дијаспората така и во татковината. Книгата го содржи акатистот со молебниот кон Пресвета Богородица, вовед и историјат за Хавајско-иверската чудотворна икона и чудата кои се случиле од нејзиното чудотворно мироточење.






