Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, од печат излезе книгата „Најдобриот воспитувач“, во издание на Издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“.
„Насловот на оваа книга во себе ја носи и нејзината најдлабока порака: Најдобриот воспитувач е Бог. Човекот може да поучува, да насочува, да советува и да воспитува, но вистинското преобразување на човековото срце се случува под Божјото раководство. Бог е Оној Кој нè учи на љубов, милост, смирение, трпение и добродетели, Кој нè исправува кога грешиме и нè повикува постојано да растеме во верата и во доброто. Затоа, христијанското воспитание не е само пренесување знаење и правила, туку водење на човекот кон Бога. Родителот, учителот, воспитувачот и духовникот се повикани да бидат сведоци на доброто и со својот живот да му го покажат на човекот Патот кон Христос“ – се вели во известувањето од епархијата.
Делото Најдобриот воспитувач од српски јазик на македонски го преведе свештеникот Јани Мулев. Книгата чини 500 денари, а може да се порача од Издавачката дејност на Повардарската епархија по телефон 043 221 231, е-пошта: [email protected], или преку порака на ФБ страната на епархијата.
Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3328&Itemid=32
