Од печат излезе книгата „Православната духовност“ од Михаил Кардамакис, во издание на Кумановско-осоговската епархија.
Книгата нуди систематизиран преглед на основните теми на духовното искуство на Црквата и ги осветлува клучните димензии на православниот духовен живот. Овој методски пристап ја прави книгата корисна, како за студентите по теологија и свештениците, така и за секој христијанин – соопштува Кумановско-осоговската епархија.
Авторот на книгата, протопрезвитер Михаил С. Кардамакис (1932–2008) студирал теологија на Универзитетот во Атина, а постдипломски студии завршил во Грац, Австрија. Докторирал теологија на Богословскиот факултет при Универзитетот „Аристотел“ во Солун. Целиот свој живот го посветил на организирањето и унапредувањето на црковното образование во Грција. Како духовник служел на Крит, во Грац, Катерини, Ламија и Атина. Тој спаѓа меѓу најзначајните современи православни теолози и е познат како теолог на подвигот, слободата и убавината. Неговото книжевно творештво опфаќа дваесетина книги.
Книгата може да се набави преку интернет страницата на Кумановско-осоговската епархија.
Извор: https://koe.mk/izdavastvo/knigi/pravoslavnata-duhovnost/

