Со благослов на Негвото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, излезе од печат Велигденското издание на „Православна светлина“, списанието на Повардарската епархија.
Со овој 77-ми број, влегуваме во јубилејната 20-та година од издавањето на нашето списание. Ова претставува значаен духовен, културен и радосен настан за Повардарската епархија и за сите нејзини верници. Две децении ова списание е светилник на верата, надежта и љубовта, носејќи ја пораката на Христовото Евангелие до срцата на читателите. Неговите страници сведочат за живата вера на народот, за пастирската грижа на Црквата и за непрекинатата духовна просвета. Во текот на изминатите години, „Православна светлина“ стана не само информативен, туку и поучен и вдохновителен глас, кој ги поврзува верниците со вистините на православната вера и традиција. Јубилејот е повод за благодарност кон сите кои со љубов и посветеност придонеле за неговото создавање и раст, но и за нова ревност во продолжувањето на ова благословено дело – се вели во соопштението од Повардарската епархија.
Списанието е достапно во богослужбените места на епархијата, а во електронска форма може бесплатно да се преземе тука.
Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3266&Itemid=32
