Верата на нашите татковци

Од печат излезе книгата „Верата на нашите татковци“, во издание на Кумановско-осоговската епархија.

Автор на книгата „Верата на нашите татковци“ е долгогодишниот професор и прв ректор на Македонската православна богословија, Борис Бошкоски, познат богослов и педагог. Тој успеал преку светите ликови на Божјите угодници, како и животот, учењето и чудата на Господа Исуса Христа, во одбрани четива од Стариот и Новиот завет, да ги изложи најважните вистини на нашата вера.

Секое од овие четива претставува завршена целина и дава посебна порака, но сите заедно претставуваат вистинско вероучение за Бога и за должностите на христијаните. Живите свети примери ќе разбудуваат кај читателот желба за лично верско-морално усовршување. Во целата книга провејува вистински православно-родољубив дух. Книгата е плод на долгогодишна работа. Таа не е само прераскажување на библиски текстови, туку носи белег на нешто што е длабоко доживеано и дадено во нова светлина – се вели во соопштението од епархијата.

Книгата може да се нарача преку интернет страницата на Куманоско-осоговската епархија.

Извор: https://koe.mk/izdavastvo/knigi/verata-na-nashite-tatkovci/