Средината на XII век беше за Русија тажно време на непрекинати меѓусебни братоубиствени борби за Киевското кнежевство меѓу двете кнежевски групи: Олговичите, т.е. потомците на кнезот Олег (Черниговски) и Мстиславичите – т.е. потомците на кнезот Мсистслав Велики (Киевски). Свети Игор, по Божја волја вклучен во борбата за Киевското кнежевство, со маченички подвиг требаше да го искупи наследниот грев на кнежевските братоубиствени војни.
На 1 август 1146 година умре кнезот Всеволод Олгович, чие горделиво владеење киевјаните не го сакаа, но тоа послужи за разгорување на омразата кон неговиот брат Игор и кон сите Олговичи. Свети Игор, против својата волја вклучен во настаните, стана невина жртва на растечката омраза. Под Киев се одигра битка меѓу војските на кнезот Игор и Изјаслав Мстиславич, и киевските војски во текот на борбата преминаа на страната на Изјаслав. Четири дена Игор Олгович се криеше во мочуриштата околу Киев. Таму го заробија, го доведоа во Киев и го затворија во. Тоа се случи на 13 август. Целото негово владеење траеше само две недели.
Во затворот, кој беше ладна дрвена колиба без прозорци и врати – за да се ослободи човек од таму, требаше да се „издлаби“ излезот, многустрадалниот кнез тешко се разболе и беше блиску до смрт. Во тие услови противниците на кнезот дозволија да биде „издлабен“ од затворот и да биде пострижен во схима во Киевскиот Теодоровски манастир. Со Божја помош кнезот оздраве и, останувајќи монах во манастирот, го минуваше времето во солзи и молитва. Но една година подоцна, во 1147 година, киевскиот совет, сакајќи да му се одмазди на родот Олговичи, реши да се пресмета со кнезот-монах. Митрополитот и свештенството, кнезот што владееше во Киев, Изјаслав Мстиславич, а особено неговиот брат кнез Владимир, се трудеа да ги вразумат луѓето и да го спречат тоа бесмислено крвопролевање, да го спасат светиот маченик.
Бунтовниците влегоа во храмот за време на литургијата, го фатија свети Игор кој се молеше пред иконата на Пресвета Богородица и го одведоа на линчување. Жестината на толпата беше толку голема, што дури и мртвото тело на страдалникот беше подложено на измачување и поруга. Кога вечерта истата таа денешна доба телото на блажениот Игор беше пренесено во црквата на свети Архангел Михаил, „Бог покажа големо знамение над него, сите свеќи во таа црква се запалија над него“. Следното утро светиот страдалник беше погребан во манастирот на свети Симеон, на крајот од Киев. Ова се случи на 19 септември (2 октомври по нов календар) кога се празнува споменот на овој свет страстотерпец.
Во 1150 година кнезот Черниговски Светослав Олгович ги пренесе моштите на својот брат во Чернигов и ги положи во Спасо-Преображенскиот собор. Чудотворната икона на Пресвета Богородица, пред која маченикот се молеше пред биeњето, почна да се нарекува Игоревска, и нејзиното празнување е на 5/18 јуни, кога се празнува и преносот на моштите на светиот Игор.
Извор: https://azbyka.ru/days/sv-igor-v-kreshchenii-georgij-chernigovskij-i-kievskij
