Преподобни Јован и Гавриил Грузиски, Светогорци

Светиот Јован беше татко на преподобниот Ефтимиј Нов, Атонски. Беше прочуен велможа и роднина на грузискиот цар. Го остави светот и се оддалечи во еден од Имертинските манастири каде што прими схима. По некое време, премина на планината Олимп, и таму се подвизуваше. Се прослави со основање на Ивирскиот манастир на Света Гора, каде што стана игумен. Мирно се упокои во Господа во 1005 година. По неговата смрт, настојател стана преподобниот Ефтимиј, неговиот син.

Преподобниот Гаврил беше родум од Грузија. Се подвизуваше во пределите на манастирот Ивирон на Света Гора. Заради својот возвишен живот, се удостои со видение, во кое Пресвета Богородица му заповеда да ги извести игуменот на манастирот, и монасите, дека таа сака да им ја даде својата икона за помош и застапништво. По нејзина заповед, старецот Гаврил беше должен со вера да зачекори по морските бранови и да ја земе иконата која самата дојде по морето. Преподобниот ги извести отците за чудесното видение. Настојателот и браќата излегоа на брегот, со молебни пеења, со свеќи и кадилници. Светиот старец ја исполни заповедта на Богомајката и без страв зачекори по водата, како по суво. Со благоволение ја зеде светата икона Богородична и ја донесе до брегот. Таа икона почна да се именува, според манастирот, Ивирска.

Нивниот спомен се празнува на 12 јули (по стар стил), односно на 25 јули (по нов стил).

Извор: https://denovi.mk/juli/25-076.html