На денот кога се празнува споменот на свети Јован Златоуст, го пренесуваме документарниот филм: „Слава Му на Бога за сè. Kрстниот пат на Светителот Јован Златоуст“, кој е објавен со македонски превод на каналот на протојереј ставрофор Антониј Петрушевски. Преводот и обработката на титловите е на о. Антониј.
Продукцијата е на кино-студиото „Отечество“ од Русија, 2008 година. Режисер е Виктор Шкурко.
Филмот говори за Византиската империја во 4-5 век по Христа и претставува вдахновено раскажување на професорот на Московската Духовна Академија, Михаил М. Дунаев, за делата и тешката судбина на Вселенскиот Учител на Црквата – свети Јован Златоуст – од местата поврзани со неговиот живот, денешните Турција и Абхазија.

