Софија за првпат ќе пречека мошти на св. Лазар Бугарски

Со благослов на Неговата Светост, Софискиот митрополит и Бугарски патријарх г.г. Даниил, на 22 април 2026 година во Софија ќе биде донесен за поклонение дек од моштите на светиот новомаченик Лазар Бугарски, од манастирот „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“ на островот Андрос, во Грција.

Во соработка со фондацијата „Православно наследство“ од Женева, Швајцарија, моштите ќе бидат изложени за поклонение во митрополитскиот катедрален храм „Св. вмч-ца Недела“ во Софија, на 22 и 23 април (среда и четврток) кога се слави споменот на овој новомаченик според јулијанскиот календар.

На 22 април во храмот ќе биде отслужена вечерна богослужба, а утредента – утрена и света Литургија на која ќе началствува Бугарскиот Патријарх Даниил.

Кратко житие

Светиот новомаченик Лазар (познат како „Лазар Нови“ или „Лазар Бугарски“) беше родум Бугарин од с. Дебел дел, близу до градот Габрово. Како момче го остави родниот крај и отиде во Анадолија. Таму во едно село Сома, чуваше овци. Но, со својата вера го навлече на себе гневот на Турците и еден ага го фрли во затвор. После долги мачења, нечовечно малтретирање, а кое Лазар од љубов кон Христа го поднесе храбро, го убија, на 23 април 1802 година. Господ го прими во Своите вечни дворци и го прослави на небото и на земјата. Од неговите свети мошти се случија многубројни чуда.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/sofia-za-parvi-pat-posreshta-moshti-na-sv-lazar-balgarski