(620-668/70; француски: Théodard de Maastricht)
Пишува: Протојереј Златко Ангелески
Светиот свештеномаченик Теодард е роден околу 620 година. Тој бил ученик на светиот Ремакл во манастирот во Сравло, денешна Белгија. По смртта на неговиот учител, тој бил поставен за игумен на манастирот. Во 662 година свети Теодард бил поставен за епископ во Мастрихт.
Свети Теодард маченички бил убиен од разбојничка банда некаде околу 668-670 година во шумата Биенвалд, во близина на Шпајер, денешна Германија, каде што бил тргнат во одбрана на Црквата од жестоката даночна политика, која била спроведена од кралот на Австразија, Хилдерик II.
Со сите почести, светиот Теодард бил погребан во градот Лиеж од неговиот наследник на епископската катедра, свети Ламберт. Неговиот спомен Православната Црква го празнува на 10 септември според Јулијанскиот календар.