Англичанец. Уште како 8 годишно момче замина во манастир, каде што го помина целиот живот во молитва и созерцание.
Во текот на шесте децении поминати во манастир, само во два наврати излезе од манастирот на кратко време.
Беше рано замонашен и ракоположен во свештенички чин.
Се посвети на учење, ги изучи и латинскиот и грчкиот јазик, па ги читаше текстовите и на западните и на источните свети отци.
Напиша многу трудови, од кои најпозната е „Историјата на англискиот народ“, но уште пообемни се неговите толкувања на Светото Писмо, беседите и житијата на англиските светци, како и преводот на Светото Писмо на древноанглиски јазик.
Се упокои на 25 мај 735 година, а недолго после тоа, неговите мошти беа најдени нетлени.
Во 20 век, од страна на Руската Црква во Англија, вброен е помеѓу православните светители.
Неговиот спомен се празнува на 27 мај (по стар календар), односно 9 јуни (по нов календар).