На 27 април 1877 година во Керч, на полуостровот Крим, во многудетното семејство на аптекарот Феликс Станиславович Воjно-Jасенецкиј се родил син и го нарекле Валентин.
Кон крајот на осумдесетите години на XIX век семеjството се преселило во Киев. Феликс Станиславович бил католик, но неговата сопруга Мариja Дмитриевна, се родила во православно семејство, па затоа и децата ги воспитувала во православните традиции. Валентин стигнал до длабока вера по осмислено прочитување на Новиот Завет, кој му го подарил директорот на гимназијата при добивањето на дипломата за матура.
Валентин од детски години имал склоност кон цртање, тој дури сакал да се запише во Петербургската Академија на уметности, но истовремено сакал да стане и селски учител или медицински помошник, за да го прави полесен тешкиот живот на простиот народ во Руската провинција. Со такви мисли момчето отишло кај директорот на народните училишта на Киевскиот учебен округ. Директорот, проценувајќи ги „народничките стремења“ на Валентин, го убедил да се запише на медицински факултет.
Во 1898 година Валентин бил примен на медицинскиот факултет на Киевскиот универзитет, а 1903 година успешно го завршил.
Започнала руско-jaпонскатa воjна. На 30 март 1904 година Валентин во состав на одредот на Црвениот Крст отпатувал на Далечниот Исток. Во Чита започнала практиката на младиот хирург. Воалентин беспрекорно извршувал најсложени операции.
Во 1904 година Валентин се оженил со милосрдната сестра Ана Василевна Ланска. Наскоро младите преминале во гратчето Ардатов, а потоа во селото Горен Лубаж. Од соседните губернии болните доаѓале кај младиот хирург. Еднаш по успешна операција што ја направил Валентин, прогледал млад, сиромашен човек. Излечениот младич набргу ги собрал слепите од целиот округ. На многумина од нив младиот хирург им го вратил видот.
Во селските болници Валентин морал да се соочува со најтешки компликации по применувањетро на општа анестезија. Поjaвувањето на средства за локална анестезија го наведуваат хирургот на мисла за неопходност од разработка на прашањата за регионална анестезија и од 1907 до 1916 година тој собирал материјал за докторска дисертација. Валентин пристигнува во Москва и е вработен во клиниката на познатиот научник П.И. Дjaконов.
Во 1915 година во Петроград излегла прватa книга на В.Ф. Воjно-Jасенецкиј „Регионална анестезиja“ коja младиот лекар го направила познат во научните кругови. Во 1916 година, откако успешно ја одбранил својата монографија „Регионална анестезиja“ како дисертација, тој добива титула: доктор на медицина. Во Переславле-Залеско Валентин вршел најсложени операции, меѓу другото, на срце и мозок. Иако е многу зафатен, Валентин во неделните и празничните денови ја посетува црквата. Еднаш, правејќи го планот за идната книга „Есеи за гноjна хирургија“, Валентин одеднаш помислил: „кога оваа книга ќе биде напишана, на неа ќе стои име на епископ“.
По Божјата промисла животот на Валентин се одвивал така што во февруари 1922 година, по смртта на сопругата, со благослов на епископот Ташкентски и Туркестански Инокентиj тој примил чин ѓакон, а по недела време бил ракоположен во чин свештеник.
Од спомените на Владиката: „Ањa умре на триесет и осум години. Две ноќи читав Псалтир над гробот…“ Смртта на жената идниот светител ја прифатил како Божја казна: во младоста Ана дала пред Бога ветување за безбрачност, а Валентин знаел за тоа. „Во три часот од втората ноќ го читав 112-иот псалм… И последните зборови на псалмот ме поразија, зашто со совершена стварност и несомненост ги примив како зборови на Самиот Бог, искажани кон мене: ’И неплодната ја вселува во домот на мајката, радувајќи се за децата’. На Господ Бог му беше познато каков тежок и трнлив пат ме очекува и веднаш по смртта на мајката на моите деца Тој Самиот се погрижи за нив… Ги разбрав потресните зборови како Божјо укажување на мојата операциона сестра Софија Сергеевна Велецка…, таа неодамна го погреба мажот и беша неплодна, т.е. бездетна… Таа со радост се согласи да ја исполни Божјата наредба за неа“.
Во 1923 година прогонетиот епископ Уфимски Андреj таjно го пострижал отец Валентин во монаштвото, давајќи му ново име – Лука, во чест на евангелистот и апостол Лука, коj според преданието бил иконописец и лекар. На состанокот на туркестанскиот клир, знаеjќи го високиот духовен живот на Воjно-Jасенецкиј, го избрал на Ташкентската Архијереjска катедра.
На 31 маj 1923 година во Самарканд два епископа во прогонство над него извршуваат архијереjска хиротонија. Патријархот Тихон ја потврдил и ја прифатил како законска хиротонијата. Наскоро следувале апсење и прогонување во градот Енисеjск. Во прогонство владиката активно се занимавал со лекарската деjност. Подоцна владиката Лука си споменувал дека, додека бил во прогонство во Енисеjск, во просторијата во која се вршеле богослужбите, еднаш неочекувано сретнал непознат старец – монах, коj, кога го видел него „буквално се стаписал“.
Владиката Лука го прашал: „Зошто така се стаписа кога ме виде?“
– Како да не се стаписам?! Пред десет години имав сон… Сонував дека во Божји храм непознат архијереj ме ракоположува за јеромонах. Сега, кога вие влеговте, го видов тој архијереj – одговорил монахот.
„Монахот направи пред мене поклон до земја и по Литургиjата го ракоположив за јеромонах. Пред десет години, кога ме видел, jaс бев селски хирург во Переславле-Залеско. А за Бога во тоа време jaс веќе сум бил епископ… Толку неискажани се Господовите патишта“ – си спомнува владиката Лука.
Во 1926 година владиката Лука повторно се вратил во Ташкент. По првите успешно извршени операции, веста за талентираниот хирург молњевито се проширила низ целиот округ. Но, против лекарот кој се моли пред секоја операциjа, вели дека Бог преку неговите раце ги лекува болните – почнале да пишуваат тужби. Како награда за некористољубивото служење на народот, властите го испратиле владиката уште посеверно: во Туруханск, потоа Красноjaрск, подоцна во задполaрната населба Плахино. Во 1926 година тешко-болниот владика се вратил од прогонство и се зафатил со работа. Сепак во 1930 година пак бил апсен. Тешката година помината во затвор испровоцирала нови болести (склероза на аортата, кардиосклероза, проширување на срцето, срцева декомпензациja, отоци). По затворот следувало прогонство во Котлас, а потоа во Архангелск. Во 1933 година, по ослободувањето, владиката требало да работи во Андижан, каде што се разболел од тропска грозница, која се искомплицирала со тешка болест на левото око. По две неуспешни операции следело целосно губење на видот на левото око.
Во 1934 година излегла книгата „Есеи за гноjна хирургија“, коja епископот-хирург го направила познат. Од 1935 година владиката раководел со главното операционо одделение во Институтот за брза помош во Ташкент. Сепак во 1937 година шеесетгодишниот професор повторно го апсат со обвинение за шпионажа во полза на странски разузнавачки служби. Целодневните испрашувања, придружени со подбивање и мачење, не го скршиле владиката Лука. Наскоро тој бил осуден на три години прогонство по етапи: Ташкент, Алма-Ата, Новосибирск, Красноjaрск, Голема Мурта, Томск.
Од 1941 година прогонетиот професор бил консултант на сите болници во Красноjaрскиот краj.
Кога во 1942 година рокот на прогонството завршил, владиката Лука бил назначен да ја возглавува Красноjaрската епархија, а бил возведен и во чин архиепископ. Напрегнатата работа како хирург владиката Лука ја соединува со борбата за Православието – добива дозвола за градење нови храмови. Во 1944 година болницата од Красноjaрс е преместена во Тамбов и Архиепископот Лука е назначен на Тамбовската катедра. За огромниот придонес во медицинската наука и практичната хирургија во Тамбов, владиката Лука бил награден со медал „За доблесен труд во великата татковинска војна 1941-45“. Во периодот од 1945 до 1947 година архиепископот Лука ја пишува книгата „Дух, душа, тело“, во коjа докажува дека ништо не пречи во хармоничното соединување на верата и науката.
Во 1945 година Лука го прогонуваат во Симферопол. Таа година Патријархот Московски го наградил владиката Лука со брилијантен крст на капата, а во 1946 година владиката го назначуваат за архиепископ Кримски и Симферополски. Владиката ја продолжува лекарската деjност, одржува часови по медицина. Еднаш на заседание на хирурзи некој воен хирург го прашал владиката:
– Хирург, ти многу операции си направил, а си видел ли некогаш човечка душа?
– Јас многу пати сум правел операции на глава и сум го отворал черепот, но никогаш не сум видел ум. А знаеме дека умот постои — одговорил епископот Лука
Во 1959 година во одговор на писмо со прашања од студенти од медицинскиот факултет, во кои се интересирале како може да се соедини научната деjност со длабоката вера во Бога, владиката напишал, дека не треба да се суди за религијата според антирелигиозната пропаганда:
– Длабоко религиозен бев од детството и моjaта вера не само што не се намали со приближувањето на староста…, туку сè повеќе се продлабочуваше.
За 38 години свештенство и архијереjско служење произнесов околу 1250 проповеди… Своите „Есеи за гноjна хирургија“ ги напишав кога веќе бев епископ.
Немајќи можност да работи во болница, научникот продолжува да прима болни во својот дом; на неговата врата имало поставено објава дека професорот по медицина бесплатно прима болни. Најбезнадежно болни биле исцелувани по посетата кај владиката Лука. Успешното лечење било поврзано не само со професионалното умеење на професорот по медицина, туку и со длабоката вера на владиката. Тој ги учел и болните да просат оздравување од Бога. Според сведоштво на очевидци, во последните години од животот, кога ослепел, владиката продолжил да им помага на страдалниците, советувал, измолувал за безнадежно болни луѓе.
Еднаш кај владиката довеле дванаесетгодишно момче. На неговиот врат се појавил чир. Владиката ја замолил мајката на болното момче да не одат на операција, туку да дојдат кај него по три денови. По тоа време благодарнатa мајка го одвела за благослов кај архиерејот нејзиниот син кој сосема оздравел.
Кога свештеникот Леонид Дунаев му раскажал на владиката за тешко болна жена, слушнал одговор: „На неа не смеете да ѝ давате лекарство“. На третиот ден тој ја посетил матушка Капитолина која не можела да станува од постела, ја благословил болната со широк крст и рекол:
– Еве ви лекарство: Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Кога владиката Лука заминал, матушка Капитолина – исцелена по молитвите на праведникот, веднаш станала од постелата.
Дознавајќи за тоа, дека жената на свештеникот Јован Милославов „имала срцев удар“, а лекарите од брзата помош не нашле ништо сериозно и не ја хоспитализирале болната, владиката сериозно се вознемирил. Тој препорачал итно да се изврши операција. Кога по настоjувањето на професорот лекарите ја оперирале, пронашле загноено место, кое „само што не се распукнало“. Лекарите биле зачудени од точната дијагностика на архиепископот Лука. Матушка Надежда била спасена.
Во 1956 година владиката целосно ослепел. Но, болните кои верувале во силата на молитвите на старецот сè уште се обраќале кон него за помош.
Еднаш кон владиката Лука се обратила за помош мајката на болната Галина, со дијагноза: тумор на мозокот.
– Ќе се молам – ветил владиката.
Господ ги послушал молитвите на праведникот; Галина оздравела, подоцна таа завршила медицински факултет, одбранила магистерска дисертација…
По неговите молитви била исцелена млада жена која долго време страдала од болка во грлото (лекарите не можеле да ѝ помогнат). Владиката ја прекрстил болната, се помолил и рекол: “Сега ќе бидеш здрава”. По неколку денови исцеленатa жена отпатувала кај својот маж на Далечниот Исток.
Семјон Каменскиj бил безнадежно болен и го замолил Архиепископот Лука да присуствува на операцијата. Светителот прашал: „Веруваш ли во Бога?“ – „Верувам, владико, но во црква не одам“. – „Моли се! Те благословувам и нема да бидеш опериран. Петнаесет години не ќе имаш никаква болест“. Така и се случило, според зборот на Светителот.
Многу луѓе биле благодарни на владиката Лука, во своите писма тие му пишувале дека тој ги оживеал и духовно. Владиката и самиот сметал, дека колку и високо луѓето да ја ценеле неговата медицинска деjност, сепак архијереjскатa служба била неспоредливо поважна.
Се преставил светителот Лука на 11 јуни 1961 година Во тој ден Црквата го празнувала споменот на сите свети кои во Руската земја засветлиле. Наскоро на гробот на светителот Лука почнале да се случуваат чудесни исцелениjа.
Со определба од Синодот на Украинската Православна Црква од 22 ноември 1995 година Архиепископот Симферополски и Кримски Лука е приброен во соборот на локално-почитувани свети.
Тропар на светителот Лука, глас 1
Возвестителу на спасителниот пат, исповеднику и архипастиру на Кримскaта земја, вистински чувару на отечките преданиjа, лекару богомудар, светителу Лука, Христа Спасителот постојано моли го; неколеблива вера на православните да им дарува и спасение и голема милост.
Чудо од светителот Лука Војно-Јасенецки
Последните неколку години светиот архиепископ Лука Војно-Јасенецки станува многу познат и во Грција. Еден дел од неговите мошти се наоѓа во Манастиру Панагиа Довра, кај Верија, каде што се забележени повеќе чуда.
Еден човек од нашата околина со години имаше голем израсток на вратот. Болките од тоа биле неподносливи. Посетил многу лекари, а нивните мислења биле различни. Некои сметале дека израстокот треба да се отстрани по хируршки пат. Меѓутоа тој се плашел дека на тој начин состојбата може да се влоши. Други го советувале да направи детални испитувања и да се лечи со лекови. Не можејќи да се одлучи што да прави, господин Антониј, иако страдал од болки, останувал неодлучен, храбрејќи се со фактот дека израстокот не растел повеќе.
Но, работите почнале да стануваат многу загрижувачки кога забележал дека се појавил јазол и во пределот на пазувата. Лекарите овој пат инсистирале на итна хируршка интервенција и тоа прво на вратот, зашто тој израсток почнал да покажува опасно стврднување.
Сосема природно таквата состојба предизвикала голем страв кај господин Антониј и неговото семејство. Една среќна околност за него била тоа што заради видот на работата што ја работел (го помагал пастирскот дело на Митрополијата) имал чести контакти со Црквата. Честите работни односи со свештениците влијаеле на тоа да почне да ги почитува светињите. Почнал да се исповеда кај духовник и да го живее светотаинскиот живот на Црквата.
Духовникот му велел да не се плаши и да се надева на Бога. Му кажал и за светителот Лука и за неговата исцелителна сила. Одлучиле заедно да отидат кај Митрополитот за да побараат од него благослов да се поклонат на моштите на свети Лука.
Тоа попладне господин Антониј и неговиот духовник дојдоа во нашиот манастир, каде што ги чекаше игуменот. Овде, пред иконата на Божјата мајка Довра, поставено е дрвено ковчеже со моштите. Откако умилително и молитвено испеавме канон кон светителот, со неговите мошти ги прекрстивме двата израстока. И според мерката на нивната вера – ја примија и божјата благодат. Десетина дена по посетата се случил чудесен настан. Таа ноќ, додека спиел крај својата сопруга, господин Антониј почувствувал дека перницата е мокра. Се поткренал и видел дека перницата е полна со крв. Несвесно ја ставил раката на вратот и се уверил дека крвта течела токму од израстоците. Но, израстокот веќе го немало! Ја разбудил сопругата. Таа се изненадила кога видела дека израстокот сосема е исчезнат и наместо него имало хируршки рез, долг околу три сантиметри. Очигледно, светителот ги послушал неговите молитви и како во други случаи, го оперирал во сон господин Антониј, оставајќи хируршки траг за да го памети неговиот зафат. Другиот јазол бил исчезнат и на тоа место немало веќе никаква трага.
Извор: https://ortos.wordpress.com/2008/12/25/vojno-jaseneckij/
