Во неделата на блудниот син, Света архијерејска Литургија во Соборниот храм на Преображението Господово, во Требиње, Босна и Херцеговина, служеше Високопреосвештениот митрополит на Месогеја и Лавреотики г. Николај, од Црквата на Грција, во сослужение на Високопреосвештениот митрополит Крушевско-демирхисарски, г. Јован и Преосвештениот епископ Дремвитски г. Давид од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, заедно со Преосвештените епископи на Српската православна црква: Дизелдорфскиот и на цела Германија г. Григориј, Западноамериканскиог г. Максим, Славонскиот г. Јован, Далматинскиот г. Никодим, Будимљанско-никшичкиот г. Методиј, и Захумско-херцеговскиот и приморски г. Димитриј.
Со евангелска беседа, на собраните верници им се обрати епископот Западноамерикански г. Максим.
Беше отслужен и парастос за блаженоупокоениот вомировен епископ Захумско-херцеговски и приморски г. Атанасиј, по што на верните им се обрати митрополитот на Месогеја и Лавреотики г. Николај.
Епископот-домаќин, Захумско-херцеговскиот г. Димитрије изрази благодарност до почитуваниот гостин г. Николај и, во знак на внимание, му подари икона на Свети Василиј Тврдошки и Острошки.
По Литургискиот собир, архијереите се упатија во манастирот Тврдош, каде што на гробот на епископот Атанасиј, Преосвештениот епископ Далматински Никодим отслужи помен.