По повод 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, на денот кога се празнува неговиот спомен, пред неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“ („San Clemente“), Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужи Молебен кон светителот. На молебенот сослужуваа и митрополитот Европски г. Пимен и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф,
Меѓу присутните беа и директорот на Комисијата за верски прашања (КОВРЗГ) г-дин Даријан Сотировски, амбасадорот на Република Македонија во Ватикан г-ѓа Марија Ефремова, амбасадорот на Р. Македонија во Рим г-дин Весел Мемеди и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓески од Православниот Богословски факултет во Скопје.