10 години од Пронаоѓањето на моштите на свети Јаков Тумански

На 20 октомври 2024, по повод 10 години од пронаоѓањето на моштите на свети Јаков Тумански, во манастирот Тумане се отслужи Света Литургија на која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит Пожаревачко-браничевски г. Игнатиј, на кој му сослужуваа и архијерејите од Македонската Православна црква-Охридска Архиепископија: Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозелански г. Петар и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со архијереите од Српската Православна Црква: Архиепископот и Митрополит Врањски г. Пахомиј, Архиепископот Крагуевачки и Митрополит Шумадијски г. Јован, Архиепископот Ромулијанско-зајечарски и Митрополит Тимочки г. Иларион и Преосветениот Епископ Топлички г. Петар.

Моштите на свети Јаков Тумански со литија беа пренесени низ верниот народот Божји за секој да го добие неговиот свет благослов.

По Литургијата за многубројните гости, кои беа дојдени на прославата, а воедно и да се поклонат пред свети Јаков Тумански, беше приредена манастирска трпеза на љубовта.

Извор: https://tge.mk/product/10-godini-od-pronaoanjeto-na-moshtite-na-sv-jakov-tumanski