Од 15 до 17 мај 2026 година, во Тетово се одвива 35-то издание на Меѓународниот хорски фестивал на православна музика „Тетовски хорски одѕиви“ – Техо.
Првите две вечери од фестивалот се одвиваат во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, со почеток во 19 часот, а завршниот ден ќе биде во духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во с. Лешок, во 12 часот.
На свеченото отворање на овој фестивал присуствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф со дел од свештенството на Тетовско-гостиварската епархија.
Учество на фестивалот земаат хорови од Македонија, Србија, Бугарија и Албанија.







Фотографии: https://tge.mk/texo-2026
