50 години од матурирањето и 50 години во служба на Црквата на VI генерација богослови (1969-1974)

На 6 август 2024 година се одржа генерациска средба на шестата генерација на богослови од Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ (МПБ), а по повод одбележувањето на јубилејот – 50 години од матурирањето и 50 години од служба во МПЦ-ОА.

Дванаесетмината богослови коишто дипломирале во оваа генерација се: Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан (крстено име Стојан Велјановски), ставрофорните протопрезвитери: † Томе Стаматов, † Васил Сламков, проф. д-р Ацо Гиревски, Ристo Ристовски, †Благоја Станкоски и Трајко Босеоски, протојерејот Кирил Пачемски, јерејот † Божо Марковски, протоѓаконот проф. м-р Димитар Белчовски, професорот Јовица Накиќ и г. Благоја Житошански.

Во периодот на нивното учење, Поглавар на Македонската Православна Црква бил блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј, а наставничкиот колегиум го сочинувале врвни македонски богослови, предводени од тројцата ректори на Богословијата во тој период: професорот † Борис Бошковски, ставрофорниот протопрезвитер † Методи Гогов (подоцна Архиепископ Охридски и Македонски Михаил)  и ставрофорниот протопрезвитер † Трајан Митревски, и професорите: протојереите † Бранко Пачемски и Перо Јорданов (сега ставрофорен протопрезвитер), протоѓаконот † Михаил Сламков (подоцна ставрофорен протопрезвитер), ѓаконот проф. д-р † Јован Таковски (подоцна ставрофорен протопрезвитер), † Ѓорѓи Орачки (подоцна ѓакон) и класниот раководител проф. д-р Јован Белчовски. Пратеник од Светиот архијерејски синод на матурскиот испит на VI генерација богослови, пак, бил ставрофорниот протопрезвитер Славчо Петров.

Господ да им дари уште долги години служба на нивата Господова на живите пастири од оваа генерација македонски богослови и Царство небесно на оние коишто се заминати во вечниот Божји покој!

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/50-godini-matura-2024/