На 30 јули 2026 година, кога Православната Црква го чествува денот на светата великомаченица Марина, кај народот позната како Огнена Марија, во храмот посветен на св. вмч. Марина во с. Зубовце – Гостиварско, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, извршија водосвет и ги благословија и прекршија кумските лебови.
На овој значаен празничен ден, кој со многу почит и љубов го празнуваат гостиварци и жителите од с. Зубовце, по отслужената Литургија и благословувањето на кумските лебови, црковниот одбор и кумовите, за сите присутни имаа организирано трпеза на љубовта и богата културно-уметничка програма.






