Архиепископот Стефан му ја честиташе годишнината од востоличувањето на Митрополитот Онуфриј

На 17 август 2025 година, денот на единаесетгодишнина од востоличувањето на Претстоителот на Украинската православна црква, Неговото Блаженство Архиепископ охридски и македонски Стефан, испрати честитка до Блаженејшиот Митрополит Киевски и на цела Украина Онуфриј, соопшти Информативно-просветниот оддел на Украинската Православна Црква.

„На денот на единаесетгодишнина од вашето стапување на престолот на Киевските митрополити, во наше име и во име на Светиот синод на епископите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Ви испраќаме искрени поздрави со желби за добро здравје“ – истакна архиепископот Стефан.

Тој посака Господ, добриот Пастир и чувар на Своето стадо, да го укрепи блаженејшиот владика со благодатта на Светиот Дух во секое добро и спасително дело.

„По молитвите на светите Печерските преподобни и на сите Божји угодници, Неговата благодат постојано нека биде со Вашето Блаженство, дарувајќи Ви ги неопходните Христови дарови“ – се вели во честитката.

Архиепископот охридски и македонски му посака на митрополитот Онуфриј добро здравје и изобилни благослови од Господа.

Извор: https://news.church.ua/2025/08/17/molitvami-svyatix-otciv-pecherskix-ta-vsix-svyatix-nexaj-gospodnya-blagodat-ukriplyaje-vas-predstoyatel-makedonskoji-cerkvi-privitav-blazhennishogo-mitropolita-onufriya-z-richniceyu-intronizaciji/