На 4 декември 2024 година, на празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ – Гостивар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше на светата литургија во сослужение на митрополитот Повардарски г. Агатангел и надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
На Литургијата присуствуваа голем број верници, кои се поклонија пред иконата на Богородица и молитвено го побараа нејзиното застапништво пред Бога.
На Божествената Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата беа благословени славските лебови.
Извор: https://tge.mk/product/vovedenie-na-presveta-bogoroditsa-prechista-3