Денес, на 25 септември 2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, оствари средба со секретарот на Културниот и едукативен центар „Небрегово“, г. Атанас Конески и членот на Управниот одбор на Центарот, г. Цане Мојаноски, кои му врачија специјална награда – плакета „Зборот на Конески“, за неговиот придонес во зачувувањето и продолжувањето на ликот и делото на Блаже Конески и му подарија и примерок од најновата книга „80 години азбука и правопис на македонскиот стандарден јазик“.
Притоа, на средбата, беше нагласена потребата од што поскоро донесување на Законот за државна награда „Блаже Конески“, особено во оваа година кога се одбележуваат 80 години од создавањето на македонскиот стандарден јазик.







