Архиепископот Стефан присуствуваше на отворањето на 8. Светиклиментов научен собир

На 6 декември 2024 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше и словеше на отворањето на Осмиот Светиклиментов научен собир, на кој беа доделени дипломите за завршени додипломски студии на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

На свечениот настан беа присутни и Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар и Крушевско-демирхисарски г. Јован, како и Неговото Преосвештенство, Епископот Делчевско-каменички г. Марко. Воедно, присуствуваа и проректорката за настава при Универзитетот Свети Кирил и Методиј – проф. д-р Соња Топузовска, која, со пригодно слово, се обрати пред присутните; и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи – г-ѓа Оливера Трајковска.

Свое обраќање имаше и деканот на ПБФ „Свети Климент Охридски“, проф. д-р Дејан Борисов, кој – на крајот од истото, во името на Факултетот – им ги додели дипломите на новодипломираните кандидати.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/osmi-svetiklimentov-naucen-sobir-2024/