Архиепископот Стефан се обрати на Меѓународниот научен библиски симпозиум

На 11 мај 2026 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, присуствуваше на свеченото отворање на Меѓународниот научен симпозиум на тема „Средба со Бога: новозаветни духовности“ и со поздравно слово се обрати пред присутните гости.

Овој бележит настан ќе се одржи во Скопје и во Охрид во периодот 11 – 16 мај 2026 година, како што известивме.

Научниот симпозиум – на кој учество ќе земат истакнати библисти од повеќе земји – е организиран од страна на Комитетот за врски со Источна Европа при Меѓународното друштво за новозаветни студии и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/megjunaroden-naucen-bibliski-simpozium-2026/