Архиепископот Стефан упати честитка до Митрополитот Киевски и на цела Украина, Онуфриј

До
Неговото Блаженство,
Митрополит Киевски и на цела Украина
г. ОНУФРИЈ

Ваше Блаженство,

За денот кога Светата Црква го прославува споменот на преподобниот Онуфриј Велики, од свое и од името на архијерите, свештенството, монаштвото и сиот православен македонски народ, Ви упатуваме најискрени молитвени честитки и братски благопожелби по повод Вашиот именден.

Вие, уподобувајќи се во подвижничкиот живот и непоколебливот подвиг на преподобниот, покажавте духовна сила, мудрост и смирение во архипастирската служба на Вашиот богобојазлив украински православен народ.

Нека Господ Бог Ве укрепува и понатаму во Вашиот подвиг, по застапништвото на Пресветата Владичица, преподобниот Онуфриј Велики и сите Киево-печерски светии, дарувајќи Ви добро здравје, мир, долг живот и изобилство на Својата благодат за раководење на довереното Ви словесно стадо.

Ваш брат во Христа,

Архиепископ Охридски и Македонски
СТЕФАН

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/cestitka-onufrij-2026/