На 26 јуни 2024 молитвено беше прославен јубилејот – триесет години архијерејска служба на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Браничевски г. Игнатиј, на Српската православна црква.
На светата архијерејска Литургија која беше отслужена по тој повод во храмот „Св. Петка“, во Пожаревац, началствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј. Нему му сослужуваа Високопреосвештениот Митрополит Крушевско-демирхисарски г. Јован и Преосвештениот епископ делчевско-каменички г. Марко, од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, заедно со архијереи од другите помесни Православни цркви, Митрополитите: Максим Силиврски (Цариградска патријаршија), Макариј Катарски (Ерусалимска патријаршија), Игнатиј на Димитријада и Алмира и Григориј Перистерски (Црква на Грција), Григориј Михаловско-кошички (Православна црква на Чешките земји и Словачка), и архијереите на Српската православна црква: Игнатиј Браничевски, Никанор Банатски, Јустин Жички, Пахомиј Врањски, Јован Шумадиски, Григориј Германски, Теодосиј Рашко-призренски, Иларион Тимочки, Арсениј Нишки, Димитриј Захумско-херцеговски и Стонско-приморски, Атанасиј Милешевски, Максим на Лос Анѓелес и на Западна Америка, Иринеј Вашингтонско-њујоршки и Источноамерикански, Исихиј Ваљевски, Методиј Будимљанско-никшички, Јеротеј Шабачки, Алексеј Хвостански, Нектариј Јегарски и Петар Топлички.
– Да даде Господ денес, затоа да сме собрани тука, во Пожаревац, по повод триесетгодишниот јубилеј на нашиот брат и сослужител епископ, и вашиот отец Игнатиј, каде што дојдовме токму во духот на Духовден од многу страни – иако секој од нас комуницира на својот биолошки даден начин на комуникација – за да зборуваме ист јазик, со една душа и еден ум, со едно срце да биеме и со една душа да дишеме, затоа што слушаме еден ист јазик со кој светиот апостол Павле ни се обраќа во Ерусалим, а тоа е јазикот на Светиот Дух, јазикот на верата и јазикот на љубовта – истакна во своето обраќање Патријархот Порфириј.





















Извор: https://spc.rs/tri-decenije-arhijerejske-sluzbe-mitropolita-ignatija/