На 30 март 2025 година, четврта недела од Великиот пост, посветена на свети Јован Лествичник, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко началствуваше на Светата Архиерејска Литургија, која се отслужи во храмот „Свети Георгиј Победоносец“ во Кочани. Нему му сослужуваше надлежниот Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Стобиски г. Јаков.
На Литургијата Епископот Јаков со благослов на Митрополитот Брегалнички г. Иларион се обрати кон верниот народ со вдахновена беседа. Во обраќањето искажа сострадална љубов кон сите граѓаните на Кочани во име на несреќата која се случи неодамна, а во која имаше 59 упокоени и голем број повредени млади луѓе.
На крајот од Литургијата свое обраќање и благодарност кон двајцата архијереи искажа надлежниот Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а потоа Епископот г. Марко се заблагодари за поканата и искажа утешни зборови кон присутните за трагедијата.
На крајот од Литургијата верниот народ ги прими Божествените Дарови.


















