На 28.8.2025 година, денот кога Црквата го прославува празникот на Успението на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на Успението Богородично во близината на Колумбус, Охајо, САД. На Архиепископот му сослужуваа: парохискиот свештеник, јерејот Радован Цековски и свештенослужителите од Скопската епархија, јерејот Даниел Јовановски и протоѓаконот Александар Димитријов.
Со Литургијата завршија чествувањата по повод 60-годишнината од Осветувањето на првиот храм на оваа македонска црковна општина, којашто е една од првооснованите македонски црковни заедници во Северна Америка.










Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/kolumbos-ohajo-28-2025/
