Архијерејска Литургија во манастирот Манасија, во Србија

Во Четиринаесеттата недела по Духовден, на 6 септември 2026 година, во храмот „Света Троица“ на манастирот Манасија, во Србија, беше отслужена света архијерејска Литургија.

Со евхаристиското собрание началствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Браничевски г. Игнатиј во сослужение на архијереи на Македонската Православна Црква – Охридската Архиепископија: Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, Неговото Преосвештенство епископот Хераклејски г. Климент, секретар на Светиот архијерејски синод и Неговото Преосвештенство епископот Стобиски г. Јаков, како и игуменот на Манасијската Лавра, протосинѓелот Павле.

На архијерејската Литургија сослужуваа свештенослужители, меѓу кои и професори на Православниот богословски факултет на Универзитетот во Белград и на Православниот богословски факултет на Универзитетот во Скопје, додека на молитвеното собрание присуствуваа монаштвото, учесниците на меѓународниот научен собир „Литургиска теологија и монашка пракса“ кој се одвиваше во манастирот Манасија, и верниот народ.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1djJ7134Br/