На 31.8.2025 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со Божествената Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во градот Сидер Гроув, Њу Џерси, храм којшто викендов беше домаќин на 51-от годишен Црковно-народен собор на Американско-канадската епархија.
Во молитвено присуство на надлежниот Митрополит, Неговото Високопреосвештенство г. Методиј, на Архиепископот му сослужуваа триесетина свештенослужители на оваа Македонската задгранична епархија.
На Малиот вход со протојерејско достоинство беше удостоен јерејот Нино Петров, парох на храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Рочестер, Њујорк.
Многубројниот верен народ, којшто го преисполни прекрасниот храм го имаше реткиот благослов за време на Литургијата да ѝ се поклони на мироточивата Хавајска икона на Пресвета Богородица.


















Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/arhijerejska-liturgija-vo-nju-dzersi-2025/
