Фотографии: fb.com/MPEzaEvropa
На 13 јули / 30 јуни 2024 година, кога се празнува споменот на Соборот на славните и сефални Дванаесет Апостоли, слава на градот Виница, во храмот „Св. Архангел Михаил“, во Виница, беше отслужена света архијерејска Литургија, на која началствуваше Високопреосвештениот Митрополит Европски г. Пимен, во сослужување со Преосвештениот Епископ Дремвицки г. Давид и домаќинот, Високопреосвештениот Митрополит Брегалнички г. Иларион, свештеници од повеќе епархии на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, со учество на многуброен верен народ.
По Литургијата беше извршен водосвет и беше прекршен славскиот колач.