Архимандритот Серафим се сретна со Митрополитот Силуан Австралиски од Српската Православна Црква

На 6 ноември годинава, Високопреподобниот архимандрит Серафим од манастирот „Св. Јован Крстител“ – Слепче, Демирхисарско, го посети Високопреосвештениот Митрополит Австралиски и Новозеландски г. Силуан од Српската Православна Црква во неговата резиденција во Кабрамата. Отец Серафим пристигна во Австралија во придружба на две монахињи од Слепченскиот манастир.

По срдечниот прием и братскиот разговор, гостите, во придружба на Митрополитот, го посетија Колеџот „Св. Сава“ во Варовил. При таа прилика им беше претставена работата на Колеџот, како и плановите за понатамошен развој на оваа просветна установа што функционира под покровителство на Српската Православна Митрополија на Австралија и Нов Зеланд.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1CsKNNyqe1/