Бадник во Соборниот храм

На 6 јануари 2026 година, кога Црквата го прославува навестието на Рождеството Христово – Бадник, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан зеде молитвено присуство на Божествената Литургија, отслужена во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје.

По Литургијата, во храмот, Архиепископот ја пречека и ѝ се обрати на  бадниковата поворка, составена од распеани и развеселени деца, коишто громогласно го возвестуваа Христовото раѓање. А, на самиот крај, го прекрши и празничниот колач.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/badnik-vo-soborniot-hram-2026/