Благослов од Делчевско-каменичката епархија за наградените на меѓународната Гео-олимпијада

Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, им го честиташе успехот на средношколките Милена Ангелова од Делчево и Михаела Павловска од Македонска Каменица за постигнатиот успех и освоените медали на Меѓународната олимпијада за науките за Земјата во Пекинг, Н.Р. Кина, на која што зедоа учество средношколци од 135 земји. Оваа олимпијада ја организира Меѓународната организација за едукација во областа на науките за Земјата, и се одржува еднаш годишно, почнувајќи од 2007 година. Учествуваат ученици не постари од 18 години, кои ги демонстрираат своите познавања од областите: геологија, геофизика, метеорологија, океанографија, терестријална астрономија и науките за животната стредина

Епископот г. Марко истакна дека нивните родители треба да се горди за огромниот успех на нивните деца на ваков значаен меѓународен натпревар. Но, исто така изрази надеж дека наградата која им ја врачи, ќе им биде дополнителен стимул за понатамошни успеси. Нека им е честит успехот. Благословот Божји нека ги води и во иднина, да придонесуваат во афирмација и напредок на нашата држава како и духовно, да растат во Православна вера.

Извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=61551990174842