Благовештение во манастирот Ќелије покрај Ваљево, Србија

На 7 април 2026 година, на празникот на Благовештението на Пресветата Богородица, кој годинава се падна во страсната седмица, Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, и вомировениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, на покана од Преосвештениот Епископот Ваљевски г. Исихиј од Српската Православна Црква, зедоа учество во празнична радост во манастирот на светите Архангели Михаил и Гаврил – Ќелије, покрај Ваљево, во Србија, во кој се наоѓаат моштите на преподобниот Јустин Ќелиски. Празникот Благовештение особено торжествено се празнува во овој манастир, каде што преподобниот Јустин ги поминал последните години од својот живот пред да се упокои на самиот празник Благовештение, на истиот ден кога е роден.

Со Божествената Литургија чиноначалствуваше Митрополит Григориј во сослужение со Митрополит Јосиф и Преосвештените епископи на Српската Православна Црква: Шабачки Јеротеј, Ваљевски Исихиј и викарниот Епископ Моравички Тихон и свештенослужители од Српската и од Македонската Православна Црква.

По прочитаното Евангелско зачало на многубројниот верен народ со вдахновена беседа му се обрати Епископот Тихон.

На крајот на богослужбата Епископот Јеротеј го благослови славскиот колач, по што свое обраќање имаше надлежниот архијереј, Епископот Исихиј.

Извор: https://www.eparhijavaljevska.rs/index.php/2026/04/07/blagovestenjska-svecanost-u-manastiru-celije-4/