На 19 јануари 2025 година, денот во кој Црквата го прославува Богојавлението Господово – Водици, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, беше отслужена света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Вископреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот заедно со свештенството и со бројниот народ, во литија, се упати кон мостот „Слобода“, каде, со положување на чесниот Крст, ги освети водите на реката Вардар.











































Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/bogojavlenie-2025/
