На 19 / 6 јануари 2026 година, на празникот на Крштевањето на Господа Исуса Христа – Богојавление, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј отслужи света архијерејска Василиева Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско. На Литургијата со многубројниот народ присуствуваше и градоначалникот на Охрид г. Кирил Пецаков.
По Литургијата Митрополитот со дел од свештенството и многубројниот народ, со свечена и торжествена литија се упати на градското пристаниште каде го изврши чинот на Големиот Богојавленски водосвет на Охридското езеро и го положи крстот во осветените води. На градското пристаниште покрај илјадниот народ, присуствуваше и претседателката Гордана Силјановска Давкова, министри и пратеници.







































