На 19 јануари 2026 на празникот Богојавление – Водици на покана на Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул, Сиднеј, возврати на братската посета и сослужуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Австралиски и Новозеландски од Српската Православна Црква г. Силуан.
Протоѓаконот на Српската црква, го прочита Евангелието на македонски јазик.
Верниот народ се Причести со Светите Христови Тајни.
„Заедничарењето на двајцата архиереи, заедно со свештенството беше дочекано со голема духовна радост од верниот народ на двете сестрински цркви, на Богојавление во македонската црква ’Света Богородица – Пречиста’ во Ливерпул и на Василица во српската црква ’Свети Георгиј’ во Кабрамата. За многу години!“ – завршува известувањето од Австралиско-новозеландската епархија.







Извор: https://www.mocdanz.org.au/mk_MK/богојавление-водици-сослужување-во-с/
